Аријана скршена од смртта на поранешното момче: "Не знаев како да те излекувам"

Точка

16/09/2018

12:05

7.248

Големина на фонт

а а а

Смртта на американскиот рапер Мек Милер ја потресе неговата поранешна девојка Аријана Гранде. Пејачката минатата недела му оддала почит, објавувајќи негова фотографија, а сега таа напишала и емотивно писмо со спонтано видео од него.

Милер имаше само 26 години, а почина минатиот петок како последица од предозирање во својот дом во Калифорнија. 

"Те обожував од денот кога те запознав на 19 години и секогаш ќе те обожувам. Не можам да верувам дека повеќе те нема, зборувавме за тоа многу пати. Многу сум лута и тажна и не знам што да правам. Ми беше најдобар пријател многу долго. Жал ми е што не можев да ја излекувам или отстранам твојата болка. Навистина го сакав тоа, ти си најпрекрасната душа со демони кои никогаш не си ги заслужувал. Се надевам дека сега си добро. Одмори", напишала Аријана под видеото.

Фановите на Милер ја обвинија Аријана за неговото "лошо однесување" во последно време, но таа им одговори дека "не е ничија дадилка ниту мајка".


Поради бројните критики, таа ја забранила можноста за коментирање под видеото на нејзиниот профил. Во едно од последните интервјуа, Мек раскажал дека тешко се соочува со славата и притисокот од страна на јавноста. Тој овој месец требаше да ја започне својата турнеја...



Спонзорирани линкови

Маркетинг