Монструозниот ураган Флоренс одзеде 13 животи, најавени се најголеми поплави во историјата

Макфакс

16/09/2018

11:16

4.227

Големина на фонт

а а а

Ураганот Флоренс кој што ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија и одзеде најмалку 13 животи, ослабна на ниво на тропска бура и се очекува и натаму да слабее. Но останува опасноста од поплави, поради зголеменото ниво на реките.

Како што пренесува АП, наредните денови би можеле да следат најголемите поплави во историјата на Северна Каролина. Во градовите Њу Берн и Џексонвил од поплави веќе се спасени над 500 луѓе. 

Американскиот Национален центар за урагани објави дека обилни врнежи од дожд не престануваат во оваа сојузна држава и дека се очекуваат катастрофални последици. Во западниот дел од државата пак е зголемен ризикот од свлечишта.


Утрово во сите три сојузни држави без струја се повеќе од 700.000 луѓе, во засолништа се наоѓаат над 20.000 лица во Северна Каролина, во Јужна Каролина пак 6.400 луѓе, а во Вирџинија 400.


Поради невремето откажани се над 2.400 летови, а потенцијалната економска штета се проценува од 10 до 60 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри пристап до сојузните фондови за одделни загрозени области.



Спонзорирани линкови

Маркетинг