Делфини, кои што е навистина тешко да се забележат на отворено море дури и кога е времето убаво, биле забележани како пливаат на бреговите на американската сојузна држава Северна Каролина.
Имено, американската сојузна држава моментално е најпогодена од силниот ураган „Флоренс“ кој што со себе носи опасни ветрови и поројни дождови, па очигледно невремето ги донесе и делфините на самиот брег.
Помеѓу куќите, паркираните чамци и јахти, во празно и евакуирано подрачје, делфините се снимени како на моменти испливуваат на површината од водата додека во меѓувреме врне пороен дожд кој предизвика огромни поплави.
Dolphins are swimming near the shore in North Carolina, as Hurricane Florence pounds the coast with intense wind and rain. https://t.co/9c2xhZtRVR pic.twitter.com/hPqfYJlam1
— CBS News (@CBSNews) September 14, 2018
Иако на моменти се чини дека безгрижно пливаат, јасно е дека делфините се погодени од временската непогода, а струите во морето предизвикани од огромните бранови ги туркаат кон брегот.
Да потсетиме, ураганот „Флоренс“ чиј што пречник изнесува околу 400 километри, пристигна на бреговите на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден на подрачје населено од околу 11 милиони жители.