Се гради најголем облакодер на светот: Ќе има 210 ката и ќе биде 100 метри повисок од славниот Бурџ Калифа

Точка

14/09/2018

19:30

5.903

Големина на фонт

а а а

Најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи, би можеле слободно да го наречеме престолнина со супервисоките облакодери. Таму во овој век се изградени десетина нови облакодери, од кои дури 22 се повисоки од 300 метри, а уште 19 се високи меѓу 250 и 300 метри.

Меѓу нив најпознат и највисок е Бурџ Калифа, кој по отворањето во 2010. година ја носи титулата највисок облакодер на светот, со дури 828 метри висина од подножјето до самиот врв. 

Но, таа титула би можел да ја изгуби веќе за две до три години, и тоа од кула која исто така се гради во Дубаи во рамките на големиот резиденцијално-деловен проект "Dubai Creek Harbour".

Иако архитектите и градежниците не сакаат да ги откриваат точните димензии на новата кула, неофицијално наречениот "The Tower at the Dubai Creek Harbour", некои медиуми пишувале дека ќе биде висок дури 928 метри, точно 100 метри повисок од Бурџ Калифа.

На почетокот на оваа година се шпекулирало дека би можел да биде висок и 1.300 метри, но таа бројка делува преувеличена.

Познато е дека новата кула ќе има дури 210 ката и дека при врвот ќе има истакнат овален дел во облик на цветна пупка во која ќе има 10 платформи од кои ќе има убав поглед на градот, но и на поширокото подрачје.

Покрај топа, во текот на ноќта од кулата високо во небото ќе биде насочена силна светлина. Целиот проект би требало да чини околу милијарда долари, а веројатно и повеќе од тоа со оглед на непредвидливите трошоци кои се вообичаени кај ваквите мегапроекти.

Дополнителна вредност на целиот проект му дава и податокот дека во неговото проектирање учествувал и светски познатиот архитект, Шпанецот Сантиаго Калатрава.

Но, ако овој облакодер навистина биде висок 928 метри, титулата највисок би можел да ја изгуби само неколку години по отворањето. Имено, во Саудиска Арабија, во градот Џеди, се гради таканаречената "Кула на кралството", која би требало да надмине висина од еден километар.

Но, тој проект напредува бавно, и работите често се сопрени поради недостиг на финансии и други причини, па не може со сигурност да се каже кога ќе биде довршен.





Спонзорирани линкови

Маркетинг