Застрашувачка симулација: Погледнете како ќе изгледа ударот на ураганот од кој се тресе Америка

Точка

14/09/2018

17:03

4.194

Големина на фонт

а а а

На “Weather Channel” направија видео симулација од тоа како би можел да изгледа ударот на ураганот „Флоренс“ на југоисточниот брег на Соединетите Американски Држави.

Американските метеоролози предвидуваат дека во некои области можни се удари на бранови високи до 11 метри, а прогнозерите на “Weather Channel” изготвија симулација од можната штета која што ураганот би ја нанел на југоисточните американски држави.

Експертите за урагани предупредуваат дека бран од еден метар е доволен за да однесе луѓе и потенцијално автомобили, а до два метри сигурно носење на цели автомобили и поплаавување на пониските структури на објектите. На видеото може да се види и каков ефект би имал и бран од три метри и каква штета може да предизвика во Северна и Јужна Каролина.

Покрај сето тоа, се очекува ураганот да донесе врнежи кои ќе го подигнат нивото на вода на еден метар, а иако опадна силата на ураганот, експертите предупредуваат дека ќе се задржи на бреговите и ќе донесе опасни олуи и поројни дождови.

Се очекува во центарот на ураганот во текот на денешниот ден да биде јужниот брег на Северна Каролина, а потоа „Флоренс“ ќе се движи југозападно кон внатрешноста на САД. Американската сојузна држава Џорџија им се придружи на Северна и Јужна Каролина, како и на Мериленд во издавањето на декларации за итни случаеви, затоа што постојат прогнози дека ураганот ќе донесе историска количина на дожд, а тоа е вртоглави 10 трилиони галони вода.

Прогнозерите во Националниот центар за урагани на САД предупредуваат дека ураганот „Флоренс“ е смртоносен поради својата големина и начинот на забрзување, дури иако брзината на ветровите се спуштила на ниво на ураган од прва категорија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг