Дуа Липа во средата за прв пат настапувала во Шангај пред преполната сала со фанови, но на верните обожаватели ваквиот настан ќе им остане во горко сеќавање.
Имено, за време на концертот, неколку фанови станале и започнале да танцуваат, мавтајќи со знамето на виножитото кое е симбол на ЛГБТ заедницата, по што полицијата насилно ги исфрлила надвор.
I just CANT believe it. This is the show of Dua Lipa in Shanghai. All the fans are forbidden to stand out and could only sit on to see the show?!? If you don’t, the guard would use violence to kick u out. It’s unbelievable... #dualipa pic.twitter.com/quITZNLVxU
— Zebrastreifen? Ja, Bitte! (@PostP0st) September 12, 2018
Снимката која се проширила на социјалните мрежи ги прикажува службениците како ги извлекуваат обожавателите од седиштата додека пејачката пробувала да продолжи со настапот. Видно вознемирената Дуа Липа и самата ѝ се обратила на публиката, пробувајќи да ги запре солзите.
"Сакам да создадам безбедно опкружување за сите нас во кое ќе се забавуваме", порачала Липа со кнедла во грлото, а ден по настапот, таа им се обратила на фановите по пат на социјалните мрежи.
"Вчерашниот настап го одржав за моите фанови. Стоев, танцував и пеев заедно со нив. Ќе стојам покрај вас за сите ваши уверувања и горда сум што се чувствувавте толку сигурно на мојот концерт што ја покажавте гордоста. За тоа што го направивте е потребна голема храброст. Згрозена сум од она што се случи и им испраќам љубов на сите обожаватели кои беа вклучени во инцидентот. Се надевам дека ќе се вратам еден ден кога ќе биде поинаква ситуацијата и ќе видам сала полна со боите на виножитото", порачала Дуа Липа на својот Инстаграм профил покрај фотографии од концертот и собрала бројни пофалби од нејзините следбеници.