Кога нешто нè боли, склони сме да размислуваме дека такво нешто никој не почувствувал и дека ги трпиме најлошите можни болки. Иако болката е субјективно чувство, луѓето имаат различна толеранција на болките, а експертите од британската Национална здравствена служба направија листа од објективно најлошите болки.
Воспаление на слепото црево е предизвикано од бактериска инфекција, а покрај страшната болка од десната страна на абдоменот ќе почнете и да повраќате.
Чирот е рана која се формира на ѕидот на желудникот и предизвикува голема болка во желудникот. Доколку не го излекувате, чирот може да се пробие низ ѕидот и да дозволи дигестивните сокови да влезат во абдоминалната празнина и ќе предизвика уште полоша болка.
Гихтот е болест која се карактеризира со чести напади на воспалителен артритис, најчесто во зглобот на палецот на ногата. Станува збор за еден од најболните видови на артритис, а се карактеризира со отекување на зглобот, црвенило и болка од која ќе нема да може прстот да се движи.
Станува збор за силна болка која се појавува на едната страна на лицето и трае неколку секунди. Некои луѓе таа болка ја опишуваат како удар од струја, додека други со горење и прободување.
Каменот во бубрегот предизвикува силна болка во долниот дел на грбот, која може да се прошири. Понекогаш е проследена со мачнина, повраќање, крв во мокрачата, а поради неиздржливи болки пациентите итно се обраќаат кај доктори.
Станува збор за интензивна главоболка која се појавува на едната страна на главата, а може да се прошири и на лицето и вратот. Мигрената се карактеризира со пулсирачка болка која некогаш е проследена со повраќање и екстремна чувствителност на светло.
Луѓето кои имаат артритис поднесуваат постојана болка во зглобовите, обично во колковите, колената или прстите. Често е проследена со болка во мускулите и вкочанетост.
При срцев удар луѓето чувствуваат тежина и затегнатост во градите, како и силна болка која може да се прошири кај вилицата, вратот, грбот, рацете или стомакот. Доколку ги почувствувате овие симптоми веднаш повикајте Брза помош.
Доколку се работи за мала фрактура или напукнатост, може да се случи да немате силна болка, но болката од кршењето на коските се смета за една од најстрашните болки кои човекот може да ја почувствува, особено ако се обидувате да се поместете од место.