СЗО: Бројот на Европејци заболени од карцином расте, но смртноста е намалена!

Точка

13/09/2018

11:00

2.114

Големина на фонт

а а а

Бројот на Европејци заболени од карцином е во пораст, додека смртноста од оваа болест опаѓа, наведуваат од Светската здравствена организација (СЗО).

Според мапата на СЗО, која опфаќа 53 земји - од Португалија до Русија, преку Киргистан, во европскиот дел, во 2014-та година од карцином заболеле 2,4% од населението, што е двојно повеќе од 2000-та година.

Тој број крие големи разлики, зависно од видот на карцином и населението кое е опфатено.


Така е и во Шведска, Норвешка, Финска, Данска и во Исланд. Распространетоста на болеста е двојно поголема (5%), додека во Заедницата на Независни Држави е намалена на 1,8%, а вклучува 9 земји од поранешниот советски сојуз, меѓу кои се Белорусија, Грузија и Русија.

Стапката на заболени во Европа, во 2013-та година изнесувала 2,8%, при што повеќе заболувале жени (2,9%) од мажи (2,7%).

Бројот на случаи со карцином на дојка е во пораст за дури 30% од 2000-та година.

Во текот на 2014-та година, меѓу 100.000 жени забележани се 110 нови случаи заболени годишно.


Тој вид карцином, воедно и подобро се лекува, па смртноста во врска со таа болест опаѓа од крајот на 90-тите години на минатиот век, такашто во 2015-та година имало 20 смртни случаи меѓу 100.000 жени, во споредба со 23,8% случаи во 2000-та година.

Бројот на нови случаи во ЕУ, заболени од карцином на грлото на матката, се намалува. Во 2014-та година, меѓу 100.000 жени, имало 12 заболени, но во Заедницата на Независни Држави расте и тоа е двојно поголем, наведуваат од СЗО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг