Лутината го слабее имунитетот, а виновна е и за мозочен и срцев удар

Точка

12/09/2018

18:39

2.160

Големина на фонт

а а а

Нездравите епизоди со лутина како експлозивен излив на бес или пренасочување на истиот тој бес на самиот себе го уништува организмот. Оние кои се често лути или тешко го контролираат чувството на бес, покрај тоа што се непријатни за околината и им создаваат стрес, го уништуваат и своето тело.

Во физичка смисла, неконтролираниот бес најмногу влијае на кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа што двојно се зголемуваат шансите за срцев удар, бесот и лутината кај кои се вложува голем напор да се контролира има блиска поврзаност со срцевите болести и го удвојува ризикот од болести на крвните садови. 

Од друга страна конструктивниот бес, оној во кој разговарате со некој кој Вас Ве налутил па со сталожен и рационален начин ги решавате проблемите, нема никаква поврзаност со заболените лица од срце туку е нормална и здрава емоција.


Кај луѓето кои имаат аневризма (проширување на артериите), после изливот на бес шансата е 6 пати поголема дека таа ќе пукне. Лутината го слабее имунитетот, па оние кои се нервозни и лути често ќе бидат болни, што дополнително може да ги налути. Но, не страда само физичкото здравје туку и психичкото.


Силната лутина може да зголеми симптоми на општо анксиозно пореметување. Депресијата и лутината се исто поврзани, најчесто кај мажите. А за да си олеснат, докторите ги советуваат да практикуваат активности со кои ќе ја истрошат лутината со велосипедизам или трчање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг