Мицкоски се сретна со Тачи

Макфакс

12/09/2018

18:28

659

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

„На средбата соговорниците се осврнаа на повеќе прашања кои се од билатерално и регионално прашање. Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово“, соопштија од партијата.

Од таму додаваат дека соговорниците се осврнале и на актуелната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски ги повторил ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот договор со Република Грција и нагласил дека партијата не може да поддржи договор со таква содржина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг