Погледнете како во моментов се развиваат ураганите над Атлантикот

Точка

11/09/2018

15:31

2.250

Големина на фонт

а а а

Американските власти наредиле денес масовна евакуација на населението покрај источниот брег на САД, кон кој се приближува ураганот Флоренс, олуја од категорија 4 и најсилна во последните 30 години.

Гувернерите на Вирџинија и Јужна Каролина издале налог за евакуација на 245.000, односно милион жители покрај бреговите на тие сојузни држави. 

"Ова е сериозна олуја и ќе ја погоди целата државата", рекол гувернерот на Вирџинија Ралф Нортхам. "Сите во Вирџинија мора да бидат подготвени", додал Нортхам.

Над Атлантикот активирани три урагани

Моментално над Атлантскиот океан активни се три урагани. Освен Флоренс, активни се и ураганот Исаак, кој веројатно подоцна оваа седмица ќе ги погоди островите Мали Антили, и ураганот Хелена, кој засега се смета за мирен.

Флоренс - најлошиот ураган кој се заканува оваа година

Се очекува дека Флоренс, со ветровите кои моментално дуваат со 200 km/h, ќе се засили кога во четврток ќе дојде до копно, најверојатно на југоистокот на Северна Каролина, покрај границата со Јужна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Копер изјавил на прес-конференција дека таа сојузна држава ја "очекува најлошото".

Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и Мериленд прогласиле вонредна состојба. Поучени од претходните искуства, жителите се подготвуваат за олујата, создавајќи резерви за храна, вода и гориво.

"Многу сме исплашени, свесни дека со ова нема игра", рекла Џенифер Остевик од Холден Бич.

Флоренс до утре би требало да мине преку Бахамите и Бермуда

Експертите од Националниот центар за урагани во Мајами предупредуваат за можноста од опасни плимни бранови, долготрајни обилни дождови и поплави, посебно ако Флоренс со денови минува во внатрешноста на територијата.

Ураганот се движи со брзина од 20 km/h во насока на северозапад и денес и утре би требало да мине кај Бахамите и Бермуда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг