Бомбаш-самоубиец активира експлозив за време на протестите во Авганистан, загинаа најмалку 22 лица

Макфакс

11/09/2018

14:23

771

Големина на фонт

а а а

Бомбаш-самоубиец уби најмалку 22 лица во напад врз демонстранти на автопатот меѓу источниот авганистански град Џалалабад и границата со Пакистан, објавија официјални лица.

Уште 23 лица беа повредени во овој напад, изјави Атула Когани, портпарол на гувернерот на провинцијата Нангарар.

Официјални лица претходно изјавија дека во болниците се префрлени 45 мртви и ранети лица и дека бројот на жртвите може да се зголеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг