Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го израдува народот со одлука за бојкот, велат од Кризниот штаб против референдумот

Макфакс

11/09/2018

13:56

1.441

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб против референдумот, „Македонија бојкотира“, очекува од ВМРО-ДПМНЕ денеска да го израдува народот со, како што велат оттаму, единствено исправна одлука, а тоа според нив е одлука за бојкот и неизлегување на референдумот.

„Во овие тешки моменти за татковината кога пучистичката власт во Скопје е во очајнички обид да сруши се што е македонско, ВМРО-ДПМНЕ да застане на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство, кои нема да излезат на претстојниот референдум оти не сакаат промена на вековното македонско име“, се наведува во соопштението на „Македонија бојкотира“.

Оттаму додаваат дека силно веруваат оти и ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија ја дели подготвеноста Македонците да останат свои на своето.

„Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес“, стои во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг