Америка ја чека удар од катастрофален ураган: Евакуирани 1,5 милиони луѓе, ветровите достигнуваат брзина до 220 км/ч.

Точка

11/09/2018

10:50

3.720

Големина на фонт

а а а

Ураганот Флоренс продолжува да се зголемува, како по обем така и по јачина, додека се приближува кон источниот брег на САД, а според најавата на Националниот центар за урагани, бурата во текот на денот ќе се приближи до категоријата пет по јачина.

Бурите со јачина од категорија пет имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални последици. 

Федералните и локалните власти во американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија наредиле евакуација на 1,5 милиони луѓе од крајбрежните подрачја во пресрет на потенцијално катастрофалниот ураган Флоренс.

Од Националниот центар за урагани предупредуваат дека "постои високо ниво на уверување дека Флоренс ќе биде голем и исклучително опасен ураган".


Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп одобри прогласување на вонредна состојба за Северна Каролина. Претходно, гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека "окото на ураганот" ќе премине преку територијата на таа држава и го повика населението и да се припреми за високите бранови, силните ветрови и поплавите.

Службите за вонредна состојба во Северна Каролина ја разгледуваат можноста да препорачаат евакуација на населението кое живее во подрачјата околу неколкуте реки кои се излеваа во текот на претходните бури.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, наредил почеток на евакуацијата за денес напладне по локално време. Одлуката се однесува на сите осум окрузи долж брегот, вклучувајќи го и најголемиот град на оваа држава - Чарлстон.


Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, наложи почеток на евакуацијата во 8 часот, за деловите на американската држава кои се наоѓаат во ниската крајбрежна област и каде живеат 250 илјади жители. Тој го повика населението да се припреми за ураганот кој ќе го зафати целото подрачје на Вирџинија.

Максималната брзина на ветровите не слабее, а истата изнесува 220 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг