Беса: Ќе го мотивираме албанското население што помасовно да излезе на референдумот

Макфакс

10/09/2018

16:48

895

Големина на фонт

а а а

Во кампањата за референдумот ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“, велат од Беса на Биљал Касами.

„Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа ‘за’ на денот на гласањето, додека едно од нашите ветувања е дека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени, ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население терминот од ’20 отсто’ да се замени со ‘албански’ и ‘албански јазик’. Затоа и слоганот што го избравме во оваа кампања е ‘ДА за НАТО и ЕУ како Албанец, а не како процент’“, велат од Беса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг