Таа е најсексапилната жена според магазинот за мажи, а за тоа не пречи ниту трудничкото стомаче

Точка

10/09/2018

16:34

7.562

Големина на фонт

а а а

Магазинот за мажи "Maxim" секоја година објавува листа со 100 најатрактивни жени на светот. Очекувано, Кејт Аптон повторно е на првото место за 2018 година.

Нејзините фотографии ги одбележаа страниците на летниот број на магазинот, а тие биле снимени во Израел. 


Жирито на магазинот ја образложи одлуката со следните зборови:

"Никој така не ја претставува Америка како овогодинешната победничка. Како и нејзиниот пример, Мерлин Монро, Кејт е русокосата со завидни облини која нè разоружува со неодолива насмевка, но и нè импресионира со своето однесување во јавноста и посветената работа".

Кејт неколку пати досега беше одбрана за најсексапилна жена на светот, а посебно се истакна во категоријата "природни облини".

Кога слушнала дека е на првото место на листата за најатрактивни жени на светот, Кејт изјави дека работи многу на својот изглед, се грижи за исхраната и редовно вежба па драго ѝ е што нејзиниот вложен труд го препознале и другите.


Инаку, Кејт Аптон и нејзиниот сопруг Џастин Верландер го чекаат своето прво дете. Парот наскоро ќе ја оствари новата улога на родители, а 26 годишната убавица и манекенка не крие дека едвај чека да да го запознае своето бебе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг