“Star rating for schools” - “Безбедни училишни зони”

Точка

10/09/2018

14:17

842

Големина на фонт

а а а

АМСМ како единствена членка од Македонија на Меѓународната програма за проценка на патиштата – iRAP и Светската автомобилистичка федерација – FIA, учествуваше во подготвителниот состанок за проектот „Star rating for schools“, кој ќе се спроведува во текот на 2018та и 2019та година на нашите и балканските простори.

АМСМ проектот го започна на 10.9.2018 година во ОУ Димитар Миладинов, каде на учениците од четврто одделение им донираве безбедносни елечиња и балони и заедно со учителките и во соработка со сообраќајната полиција поминат на две пешачките зони во радиусот на училиштето. За успешно реализирање на овој проект како партнери ни се придружија Министерство за образование и Министерството за внатрешни работи. 


Проектот „Star rating for schools“ има за цел да обезбеди анализа на ризикот и степенот на безбедност на децата на зоните околу училиштата преку мобилна и веб апликација. Апликацијата е универзална, лесна за користење и обезбедува предлози за брзи интервенции со кои зоните околу училиштата ќе биде што е можно побезбедни. Сето тоа ќе придонесе кон исполнување на глобалните цели на Обединетите нации за безбедноста на патиштата, со кои до 2020-та година се очекува да се намалат за половина смртните случаи и сериозните повреди на патиштата.


Во фокусот на проектот се децата и младинци – пешаци. Апликацијата овозможува сите заедници во светот да имаат пристап до овие докази и анализи, за да ја проценат безбедноста на патиштата околу училиштата и да ги информираат надлежните органи за интервенциите кои можат да се превземат.

АМСМ исто како и српскиот, косовскиот и бугарскиот авто-мото туринг клубови, есенва ќе спроведат анализа на зоните околу училиштата во Скопје, за да проценат колку ѕвезди имаат токму тие патишта, од кои една ѕвезда е зона со најголем ризик за пешаците, а зоната со пет ѕвезди е зона кој ги исполнува сите критериуми за безбедност во сообраќајот.


По анализата и обработувањето на податоците, АМСМ ќе достави официјален репорт и барање до надлежните институции за санирање на недостатоците кои ќе бидат увидени, за зголемување на зоните до четири или пет ѕвезди.

Овој проект веќе се спроведува низ светот и е поддржан од FedEx.

За повеќе информации посетете го сајтот www.starratingforschools.org.



Спонзорирани линкови

Маркетинг