Предупредување за урагани во САД: Подгответе се пристигнуваат три урагани!

Макфакс

10/09/2018

11:54

1.828

Големина на фонт

а а а

Ураганот Флоренс, од прва категорија, кој може да нанесе директен удар на подрачјето на Северна и Јужна Каролина до регионот на Среден Атлантик, продолжува да се засилува, предупредува американскиот Национален центар за урагани.

Ураганот Хелен исто така добива на сила над источниот дел на Атлантскиот океан, додека ураганот Ајзак е се поблиску до Карибите.

Ураганот Флоренс вчера премина во категорија на тропска бура, се додека до вечерта ветровите не достигнаа брзина од 140 километри на час.

Според најавите, се очекува дека ураганот ќе остане екстремно опасен и дека во четврток ќе се приблиќи до брегот на САД.

Јакнењето на ураганот Хелен, кој моментално се наоѓа на околу 330 километри југозапано од Зеленортските острови, се очекува во наредните денови, со максимална сила на ветрови од 140 километри на час.

Центарот за урагани аведува дека се приближува ураганот Ајзак, кој ќе биде петти ураган во сезоната на урагани на Атлантикот во 2018 година.

Урганот е на околу 2100 километри источно од островскиот архипелаг Виндворд, со максимална сила на ветрот од 120 километри на час. Се движи кон запад и се очекува да се интензивира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг