Ѓоковиќ го освои Ју-Ес опен, па покажа класа со потегот кон расплаканиот Дел Потро

Дерби

10/09/2018

10:59

2.434

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ја освои својата трета титула на Ју-Ес опен, откако рано утрово во исклучително позитивен меч за него, не му даде никаква шанса на Хуан Мартин Дел Потро над кого славеше со 3:0 во сетови.

Србинот вечно ќе ја памети оваа ноќ во Њујорк поради тоа што го потврди своето враќање во врвна форма, но и поради фактот што се израмни со легендарниот Пит Сампрас кој инаку е негов идол од детството. Новак не го криеше огромното задоволство по освојувањето на 14-та грен слем титула (толку има и Сампрас), но покрај тоа што имаше време за својот бокс со кого ја прослави победата, покажа огромна класа и со потегот кој го имаше кон својот добар пријател кој му беше ривал во финалето.

Делпо не можеше да ги скрие солзите поради поразот во своето второ грен слем финале во кариерата, а Новак во стил на голем џентлмен му пријде пред церемонијата и го утеши со прегратка и пријателски зборови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг