АТП листа: Ѓоковиќ се врати во Топ 3

Макфакс

10/09/2018

10:51

1.063

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ од денес се врати меѓу најдобрите тројца на АТП листата. Србинот, во однос на претходната листа напредуваше за три позиции. Ѓоковиќ, изминатата ноќ трет пат го освои Ју-Ес Опен, со победата над Хуан Мартин дел Потро 6:3, 7:6, 6:3.

Ѓоковиќ, на листата ги скокна Дел Потро и Александар Зверев. Тој има 6.445 бода, само 445 бода помалку од Роџер Федерер, кој се наоѓа на второто место, додека светскиот број 1, Рафаел Надал им 2.315 бода повеќе од српскиот тенисер.

Ѓоковиќ со одличните резултати во последните два месеци (титулите во Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен) може на крајот сезоната да стигне и до првото место.

До крајот на сезоната, од големите турнири, треба да се одиграат мастерсите во Шангај и Париз, турнирот од серијата 500 во Пекинг и завршниот мастерс во Лондон, што значи дека во игра се уште 4.000 бода.

АТП, Топ 10:

1. Рафаел Надал (Шпанија) – 8.760 бода

2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.900

3. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 6.445

4. Хуан Мартин дел Потор (Аргентина) – 5.980

5. Александар Зверев (Германија) – 4.890

6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.715

7. Григор Димитров (Бугарија) – 3.755

8. Доминик Тим (Австрија) – 3.665

9. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 3.595

10. Џон Изнер (САД) – 3.470.



Спонзорирани линкови

Маркетинг