Победничка фотографија и порака од Пандев: Благодарам на сите што дојдовте да нè поддржите…

Дерби

10/09/2018

10:00

1.805

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација запиша нова победа во Лигата на нации, односно пред избраниците на Игор Ангеловски по Гибралтар падна и селекцијата на Ерменија.

Нашите репрезентативци славеа со 2-0 со погодоците на Алиоски и Пандев, па така беше направен уште еден чекор кон остварување на сонот, а тоа е историски пласман на едно големо натпреварување или во случајот Европското првенство.

Капитенот Горан Пандев на пресот по средбата јасно посочи дека оваа генерација е зрела за нешто големо, а потоа се огласи и на социјалните мрежи каде со една заедничка фотографија порача:

- Браво момци,секоја чест. Благодарам на сите што дојдовте да не поддржите, оваа репрезентација го заслужува ова! Поздрав до следниот месец! Македонија, - напиша фудбалерот на италијанска Џенова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг