Никој не го очекуваше ова: Познато името на најдобриот тренер во Премиер лигата за месец август

Дерби

07/09/2018

17:14

2.474

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Вотфорд, Хави Гарсија сосема заслужено е избран за најдобар тренер за месец август во Премиер лигата.

Шпанецот во трката за ова престижно признание ги победи Јирген Клоп, Маурисио Сари и Маурисио Покетино кои исто така имаа одличен старт на сезоната.

Победите против Брајтон, Барнли и Кристал Палас беа доволни поранешниот тренер на Рубин Казан и Малага да го добие ова признание. Признанието добива на тежина ако се знае дека и во првите денови од септември, Гарсија со својот Вотфорд успеа да го победи тимот на Тотенхем и така да му го нанесе првиот пораз во сезоната на тимот од Лондон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг