ГДУ: Посетата на Столтенберг е уште еден показател дека периодот во кој се наоѓа земјата е од исклучителна важност

Макфакс

07/09/2018

11:55

1.217

Големина на фонт

а а а

Посетата на Република Македонија од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е уште еден показател дека периодот во кој се наоѓа земјата е од исклучителна важност, велат од Граѓанско демократската унија.

Во нивното соопштение посочуваат дека пораката која ја испратил Столтенберг е јасна и дека имаме историска и неповторлива можност, како и дека членството на Македонија во НАТО е многу блиску и е на дофат.

„Но едно треба властите да имаат на ум, не само спроведување на успешен референдум, туку ни требаат и успешни реформи за да го фатиме правиот правец. Оти без рефеорми ниту ќе ни се отворат вратите на Алијансата, ниту ќе влеземе во ЕУ. А реформи пред се затоа што секој еден од нас сака да живее во безбедна, економски просперитетна и успешна Македонија. И затоа што идните генерации заслужуваат да имаат подобри перспективи од нашите“, стои во сооопштението на ГДУ.

Од партијата преку своето соопштение меѓудругото испратија и апел до сите политички чинители во државата да се однесуваат одговорно, а не да калкулираат и да водат есап само за, како што посочуваат, партиските и лични интереси.

ГДУ смета дека во овој период се многу значајни и посетите кои следат. Доаѓањето на австрискиот канцелар, Себастијан Курц и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг