Веруваме дека на повеќето од вас не треба да ви објаснуваме кој е Лиам Хемсворт, но еве едно кратко потсетување за оние кои поради било која причина, го пропуштиле овој згоден актер.
28-годишниот Лиам е роден Австралијанец, кој својата кариера ја започнал во една од најпопуларните австралиски серии, "Neighbours", а на пошироката јавност ѝ е познат по улогата во филмот "The Hunger Games", и како вереник на пејачката Мајли Сајрус.
Лиам има двајца браќа, Крис и Лука, кои исто така се актери и се подеднакво згодни како него, но изгледа дека постои уште еден загубен брат на Хемсворт, за кои јавноста досега не знаела.
Имено, интернет корисниците се уверени дека 22-годишниот руски тенисер, Карен Хачанов, кој вчера настапи на "Us Open" е четвртиот брат на Хемсворт, поради неговите неверојатни сличности со Лиам.
Социјалните мрежи се преплавени со компаративни фотографии од актерот и тенисерот, а девојките се очигледно полудени за младиот Русин, чиј љубовен статус сѐ уште е непознат, а на споредбите се одзвал и самиот Карен.
"Да, јас сум четвртиот брат", се пошегувал тенисерот со медиските натписи за него.
Yeah I am the 4th brother🤔🤫 https://t.co/I5pG9vjixY
— Karen Khachanov (@karenkhachanov) September 5, 2018
Споредете сами:
Ова е Лиам Хемсворт.
А ова е Карен Хачанов.