Натали Портман зрачи со елеганција во необичен мал фустан на Филмскиот фестивал

Точка

04/09/2018

16:06

3.568

Големина на фонт

а а а

Натали Портман пристигнала во Венеција, кадешто се одвива престижниот филмски фестивал.

Секогаш елегантна, актерката ниту овојпат не одстапила од својот вообичаен стил, па така и во црното издание била мамец за погледи. Во мал црн фустан, докажала дека ова е одличен вечен класик и е секогаш совршен избор за свечени прилики, иако нејзиниот бил во невообичаен крој.


Покрај невообичаениот фустан, носела и чудни, футуристички очила за сонце, во облик на мачкини очи, со неприметни рачки, кои ретко на кој би му стоеле така добро, но Натали ја потврдила изреката дека на убава жена, сѐ ѝ стои убаво.


Целосното црно, минималистичко издание, го надополнила со едноставни црни сандали со два ремена, мејкапот го довела на минимум, а косата ја пуштила и направила нежни локни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг