Се соблекла гола на едно од најсветите места, а верниците останале шокирани од глетката (+18)

Точка

04/09/2018

17:34

14.735

Големина на фонт

а а а

Дебора Де Робертис, уметница позната по своите голи перформанси, овој пат отишла еден чекор понатаму и се соблекла гола пред едно од најголемите католички светилишта на светот.

Шокираните верници во Лурд биле затекнати од потполно голата девојка која позирала пред кипот на Дева Марија, при што ја прекрила главата со син вел. 

34-годишната уметница позирала како се моли, а некои од верниците дури пробале и да ја прекријат со велот кој таа го носела на главата.

На местото на случувањето набрзо пристигнала и полиција која ја уапсила Дебора и ја задржала неколку часа во притвор, пишува "The Sun". Тужителот Пиер Аурињак открил дека таа би можела да биде обвинета за сексуален егзибиционизам.

Ова не е прв пат провокативната уметница да го привлече вниманието на светските медиуми, но и на полицијата. Во ноември минатата година таа извела сличен перформанс кога во парискиот Лувр се соблекла, ги раширила своите нозе и викала "Моја вагина, мои права".


Де Робертис била обвинета за сексуален егзибиционизам, но обвиненијата биле отфрлени, а таа добила само 35 часа добротворна работа како казна бидејќи гризнала член на обезбедувањето кога тој пробал да ја исфрли надвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг