Розберг: Одлично возење на Хамилтон

КРУГ.МК

04/09/2018

17:10

1.723

Големина на фонт

а а а

Нико Розберг ја поздрави победата на Луис Хамилтон во Италија што според него е најдобрата трка на шампионот во Формула и поради тоа Хамилтон е еден од најдобрите возачи на сите времиња.

Откако се квалификуваше на трето место зад двете Ферари, Розберг пред трката истакна дека сега Луис е најопасен и тоа се покажа како точно.

Во 2016 Розберг го победи Хамилтон во борбата за титулата и призна дека се откажал од спортот бидејќи немал сила да се бори со британецот уште една година.

По трилерот на Монца, Хамилтон ги уништи сонипштата на Ферари во нивниот дом.

„Тоа беше одлична трка од Луис. Затоа тој се смета за најдобар на сите времиња. Тоа го покажа повторно со инфериорен болид. Хамилтон извозе феноменално и сега е на врвот на кариерата. Во клучен момент изработи одлична работа и им зададе удар на Ферари на домашна трка. На стартот го помина Себастијан кој направи грешка и потоа го престаса и Кими. Не може да биде подобро од тоа. Луис не беше крив за сударот, бидејќи остави доволно простор. Нема за што да се обвинува. Себастијан отиде прешироко удри во Луис и се изврте. Тоа беше 110% грешка на Себастијан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг