Аривабене: Ние немаме робови, туку вистински возачи

КРУГ.МК

04/09/2018

14:54

1.225

Големина на фонт

а а а

Ферари беа фаворити за победа во Италија но сепак забавата ја расипа Мерцедес со Луис Хамилтон, што го натера шефот на Ферари да го критикува германскиот тим.

Италијанскиот тим направи тоа што се очекуваше во саботата, но не успеа да триумфира пред нивните фанови на Монца.

Себастијан Фетел се изврте на почетокот на трката и мораше да го замени својот преден дел. Кими Раиконен остана напред поголемиот дел од трката но по боксот заглави зад Валтери Ботас кој го успоруваше за Хамилтон да му се приближи.

„Фановите беа одлични во Италија, но ги разочаравме. Ќе работиме да се подобриме. Ние немаме робови туку вистински возачи кои прават грешки од време на време. Ја загубивме трката поради Ботас. Кими заглави зад него и ги уништи гумите. Фетел е друга приказна и бевме изненадени што Хамилтон е на неговата надворешна страна. Од тој момент беше тешко но Себ заврши одлично на четврта позиција“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг