Џиџи Хадид со совршен стајлинг за претстојната сезона

Точка

03/09/2018

14:53

3.173

Големина на фонт

а а а

Советите на Џиџи Хадид, кога се модата и стилот во прашање, ги прифаќаме со воодушевување.

Младата манекенка и трендсетерка, секогаш воодушевува со своите модни избори, а и често нѐ "тера" на шопинг. После топлите, летни денови, стигнува разладување, а со нив и плетивата со долги ракави и панталони.


Џиџи решила да си поигра со, на прв поглед неспоиви парчиња облека и направила совршена комбинација, која со задоволство би ја ископирале.


Покрај популарните фармерки кои ги носи, Џиџи облекла блуза со кратки ракави, со принт, плетен елек и впечатливи црвени чизми, кои се еден од главните трендови за претстојната есен, а покрај тоа, сите бои совршено одговараат една со друга.


Како моден детал, Џиџи одбрала ташна во боја на чизмите, и мини очила за сонце, кои или премногу ги сакате или ги мразите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг