Летото е веќе традиционално резервирано за филмови кои не се натпреваруваат за разни награди, додека во текот на есента и зимата можеме да погледнеме поинакви, наградувани, одлични филмови!
Токму така ќе биде и оваа година, а ние одлучивме со вас да ја споделиме листата со идните филмови, кои одвај чекаме да ги погледнеме, како и датумите на нивните светски премиери. На пример, за улогата на Том Харди, кој ќе го отелотвори злото на суперхероината Венера, не престана да се зборува со месеци, исто како и за филмот "The Boy Erased", во кој главните улоги ги играат добитниците на Оскари, Никол Кидман и Расел Кру.
Љубителите на добар трилер, ќе можат да уживаат во филмот "The Girl in the Spider's Web", кој е продолжение на прекрасниот "The Girl with the Dragon Tattoo", додека за љубителите на музиката, стигнува првиот игран филм со Лејди Гага - "A Star Is Born", во кој таа ја има главната улога, како и играниот филм за групата "Queen" и нејзиниот харизматичен пејач, "Bohemian Rapsody".
Во продолжение погледнете ги и останатите наслови кои ве очекуваат!