Скопјанец од Сингелиќ во автомобил пренесувал 14 мигранти

Макфакс

02/09/2018

16:22

2.510

Големина на фонт

а а а

Во попладневите часови на вчерашниот ден, на автопатот Гевгелија–Скопје од страна на полицијата биле пронајдени 14 мигранти, од кои 11 Авганистанци и тројца државјани на Пакистан.

Како што информираат од МВР, мигрантите ги превезувал 41-годишник од скопското село Сингелиќ, кој управувал автомобил „хонда“ со скопски регистерски ознаки.

Полицајците го забележале автомобилот кај селото Прдејци, како со голема брзина се упатил во правец кон Скопје. Тие се впуштиле во потера, по што возилото застанало кај клучката после Миравци, но откако мигрантите излегеле од него, возачот продолжил понатаму.

По кратко време возилото конечно било сопрено, а 41-годишниот Р.Ф. бил уапсен. По консултација со Јавен обвинител, мигрантите се превземени за понатамошна постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг