Погледнете како ќе изгледа најновиот паметен часовник на Apple

Точка

01/09/2018

19:06

5.453

Големина на фонт

а а а

Ако може да се верува на фотографијата која што кружи на интернет, новиот Apple Watch 4 пристигнува со големи промени на дизајнот.

Новиот паметен часовник на Apple има екран кој што ја зафаќа целата предна површина од раб до раб, а куќиштето изгледа потенко. Поголемиот екран значи дека на корисникот ќе му биде олеснето користењето на часовникот и ќе може да се прикажуваат поголеми количини на информации.

Од тоа што може да се види на фотографијата, променет е дизајнот на приказот на информациите на екранот, а се чини дека часовникот има и дополнителен отвор за микрофон на десната страна. Покај тоа, може да се забележи и странично копче кое што се вклопува во самата рамка на часовникот.


Новиот Apple Watch 4 ќе биде претставен на 12-ти септември, а Apple веќе започна да испраќа и покани за евентот на кој што се очекува да бидат претставени и трите нови модели на iPhone, како и подобрена верзија на iPad.



Спонзорирани линкови

Маркетинг