Имала неподносливи болки во текот на бременоста: Родила син, а потоа лекарите ѝ соопштиле ужасна вест!

Точка

30/08/2018

20:08

5.831

Големина на фонт

а а а

Таша Бартон (36) од Хартфордшир, во текот на бременоста имала стомачни тегоби, но не им обрнувала премногу внимание, мислејќи дека сето тоа е поради бременоста.

Како што се зголемувале симптомите и после раѓањето на синот, кој сега има 16 месеци, сфатила дека сепак нешто се случува, па им се обратила на лекарите.

Откако ја испратиле на ултразвук, ѝ дијагностицирале циста на панкреасот, а потоа следеле и дополнителни испитувања. Скенерот утврдил дека има здебелување на цревата, а наредните тестови во април, минатата година, покажале дека всушност има тумор во трет стадиум, на дебелото црево. Лекарите ѝ рекле дека мора да оди итно на операција.


"Шест месеци после породувањето имав неподносливи болки. Не можев да одам во тоалет и сѐ што ќе се напиев, потоа го повраќав. Не бев во состојба да се грижам за своето бебе и да ја поднесам таа агонија", рекла Бартон, и додала:

"Ми рекоа дека станува збор за тумор на панкреасот, а со операција се отстранува добар дел од дебелото црево и 23 лимфни јазли. Сѐ беше во ред до скенерот, кој покажа два тумора, еден околу 5см во вратот, а друг во грбот. Се испоставило дека туморот на дебелото црево се проширил низ лимфните јазли."


За да работата биде уште полоша, после операцијата добила сепса, поради што пет недели поминала во болница и не можела да го види сопственото бебе.

"Не ми дозволија да го видам синот, бидејќи ризикот од инфекции беше голем. Толку ми беше тешко, срцето ми се кршеше. Имаше само шест месеци кога отидов во болница и тие пет недели ми беа најтешки во животов", вели Таша, која после тоа поминала и еден циклус од хемотерапија, за да ѝ се продолжи животот.

"Лекарите велат дека нема спас за мене. Се надевам дека со хемотерапија ќе успеат барем малку да ми го продолжат животот. Многу ми е тешко што не можам да планирам иднина со детето. До скоро планирав како за неколку години ќе го носам во 1-во одделение, а сега го планирам својот погреб".



Спонзорирани линкови

Маркетинг