Јос Верстапен не го разбира трансферот на Рикардо

КРУГ.МК

30/08/2018

17:43

1.696

Големина на фонт

а а а

Јос Верстапен призна дека не разбира зошто Даниел Рикардо одлучил да направи трансфер од Ред Бул во Рено, премин од посилна во послаба екипа и во исто време негираше дека причина за тоа е бегање од Макс Верстапен.

Дани ќе мине од екипа од големата тројка на врвот од поредокот во екипа од средина на поредокот, каде ќе вози следните две години.

„Сигурен сум дека тандемот можеше да продолжи да вози во Ред Бул. добро се сложуваа иако секако постоеше конкуренција како на квалификациите така и на трките. Нивната врска според мене е здрава и поради тоа не разбирам зошто Рикардо реши да замине.

Да се смени топ екипа за помала екипа, не знам дали е тоа вистински потег, како и да е јас не би го направил“, смета Јос Верстапен.

Првичните шпекулации околу причината на Рикардо да го напушти Милтон Кинс беше дека не сакал да биде втор возач крај Макс Верстапен, но Јос го демантираше тоа велејќи дека Ред Бул секогаш еднакво ги третира своите возачи.

„Секогаш се однесувале еднакво кон возачите, а така и продолжуваат. Тоа го покажува промоцијата на Пјер Гасли кој е добар другар на Макс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг