Поспани сте и ви треба утринско кафе? Дронот на “IBM” ќе го реши проблемот

Точка

29/08/2018

16:32

1.249

Големина на фонт

а а а

Технолошката компанија “IBM” патентираше дрон кој ќе детектира кога луѓето се заморни и ќе им испорача кафе.

Патентот опишува дрон кој ќе може да идентификува состојба на замор и поспаност на работниците во канцеларија, по што ќе се погрижи поспаниот работник веднаш да добие кафе. Секако, технолошките компании често патентираат разни идеи, што не значи дека истите ќе станат реалност, а од “IBM” не открија дали навистина ќе го произведат „дронот за кафе“.


Од компанијата го предале решението во американскиот Завод за патенти уште во декември 2015-та година, кој што на 7-ми август бил одобрен под назив „Достава на кафе со дрон занована на конгитивната состојба на поединецот“.

Патентот, поднесен во САД, каде што процесот би можел да чини неколку илјади долари, опишува неколку верзии на дронот кој што им носи кафе на работниците. Во една верзија се опишува целосно автономен дрон кој со себе носи кафе и по потреба додава во шолјата на работникот за кој што ќе процени дека има потреба од кафе.


Од “IBM” нагласуваат дека дронот може да се опреми и со технологија за детекција на крвниот притисок, проширени зеници и израз на лице со цел да се утврди дали работникот е поспан. Освен тоа што дронот би можел сам да детектира, вработените ќе можат и самите да го повикаат со едноставна гестикулација со раката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг