(Видео) Ципрас: Со големи напори стигнавме до историски договор

Макфакс

27/08/2018

21:04

3.548

Големина на фонт

а а а

Со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор според националната линија и зачувувајќи го националниот интерес, посочи денеска грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во своето речиси 50-минутно обраќање на состанок на централниот комитет на Сириза.

Ципрас, кој говореше за „Грција во новата ера“, што воедно беше и темата на неговото обраќање, ги посочи постигнатите успеси на партијата во изминатите три и пол години колку што е на власт, но се осврна и на надворешната политика, а упати и остри критики до опозициската Нoва демократија. 

Во својот говор пред неговите сопартијци, акцентот го стави на новата ера во која влегува земјата по завршувањето на последната програма со финансиска поддршка. Рече дека во 2015, на последните избори, грчкиот народ ѝ дал мандат, време и сила на Владата за битка, а Владата успеала да ја заврши тешката мисија, односно излез од меморандумите, со што почнува нова ера за земјата. 

Ципрас меѓудругото се осврна и на прашањето околу договорот за името. Грчкиот премиер рече дека во изминатите години тие инвестирале во активна, повеќедимензионална надворешна политика, „со отворени канали, но и со целосен приоритет во обезбедувањето на суверените права“. 

„Во македонското прашање со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор задржувајќи ја над еднодецениската национална линија, зачувувајќи го националниот интерес и нашата историја. И во ова големо прашање, некои останаа со подотворени усти, откако едно 20-тина пати променија позиција“, изјави Алексис Ципрас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг