Дали Ердоган се закани со нова инвазија и окупирање на Сирија? Мир и безбедност има само под контрола на Турција!

Точка

27/08/2018

18:03

2.711

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател порача дека мирот и безбедноста во Сирија владеат само на териториите кои што се под контрола на Турција и порача дека „мирот ќе биде воспоставен и во други делови од Сирија“.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган одржа говор во текот на вчерашниот ден и порача дека ќе донесе „мир и безбедност“ во Ирак и Сирија.

„Не е случајно тоа што единствените места во Сирија каде што владее мир и безбедност се териториите кои што се под контрола на Турција. Со Божја помош, ќе го воспоставиме истиот мир и во други делови на Сирија. Тој мир ќе го донесеме и во Ирак каде што се уште има активни терористички организации“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.


Имајќи го во предвид тоа што Турција практично изврши воена агресија на северот на Сирија и моментално одредени делови на Сирија се под турска окупација, според аналитичарите, ваквиот говор на Ердоган би можел да значи дека Турција се подготвува за проширување на операциите и заземање на уште поголема територија во Сирија.

Понатаму, аналитичарите сметаат дека кога Ердоган зборува за „тероризмот“ во Ирак, најверојатно не мисли на Исламската држава, туку мисли на курдските воени групи кои што практично се составени од курдското население кое што живее на тие простори.


„Не заборавајте, Анатолија е ѕидот и ако овој ѕид падне, тогаш нема да биде ниту Блискиот исток, Африка, Централна Азија, Балканот ниту Кафказот“, порача Ердоган, иако не е јасно што конкретно мислеше со тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг