Том Харди го продал домот и се отселил од Лондон поради обожавателка која го прогонувала

Точка

25/08/2018

14:05

5.416

Големина на фонт

а а а

Популарниот холивудски заводник Том Харди се отселил од Лондон со својата бремена жена поради постојаното прогонување од страна на обожавателка.

Актерот претходно истакнал дека сака да живее на некое помирно место каде ќе ужива со своето семејство, а "упорната" обожавателка само го забрзала процесот на селидба. 


Том и неговата сопруга Шарлот Рајли чекаат второ дете, а овој убав животен период им го загорчил една обожавателка која не престанувала да го вознемирува Харди. Тие сега живеат во преградието на Лондон каде купиле имот, а соседите велат дека секое утро ги гледаат на прошетки со своето куче.

Харди од корен го променил својот живот откако во 2014 година се оженил со својата девојка Шарлот. Само една година подоцна, тие го добија своето прво дете, а сега чекаат уште една принова. Актерот ја разгледува и одлуката да се пензионира, поради што обожавателите на нивна огромна жалост повеќе нема да го гледаат на филмското платно.


"Во овие години сметам дека направив доволно и доста ми е од таквиот живот. Сурово сум искрен и едноставно посакувам поинаков живот. Тоа е како да успеете да се искачите на Еверест, чудно е дека сте воопшто живи и дека сте стигнале до врвот. Е сега, сакате повторно да се искачите на врвот или сакате само да пронајдете плажа...", изјавил Том во едно интервју.



Спонзорирани линкови

Маркетинг