Сите капитени на тимовите во шпанската Примера донесоа едногласна одлука дека нема да ги испочитуваат новите барања на Ла Лига, односно најавија дека ќе стапат и во бојкот доколку не се промени одлуката за играње на неколку натпревари на територија на САД и Канада.
Фудбалерите сметаат дека е бесмислено да се играат натпревари од домашното првенство во различни земји, уште повеќе кога станува збор за толку далечни држави кои само ќе им донесат дополнително и непотребно оптеретување на играчите. Еден од најгласните во протестите беше капитенот на Реал, Серхио Рамос, а меѓу другото, тој го привлече вниманието и со стајлингот кој го имаше на средбата со другите капитени.
Ова утро, Рамос ја претстави истата комбинација и на социјалните мрежи, а фотографијата стана вирална и благодарение на италијанскиот калчолигаш Сампдорија кој се пошегува со капитенот на Реал.
– Дали сте сигурни дека трансфер пазарот е затворен? Серхио Рамос изгледа одлично во нашите бои, – гласи објавата на Самдорија која стана вирална на социјалните мрежи.
Are you guys sure the transfer window is definitely closed? ?@SergioRamos looks great with our colours. pic.twitter.com/JGG11tWYlG
— Sampdoria English (@sampdoria_en) August 23, 2018