Поголем екран и поиздржлива батерија: Apple наскоро ќе ја претстави четвртата генерација на својот паметен часовник

Точка

23/08/2018

16:59

1.312

Големина на фонт

а а а

Apple Watch е доминатен уред на пазарот на паметните телефони, а наскоро можеме да ја очекуваме и најновата генерација која што од американската компанија очекуваат да привлече милиони нови корисници.

Како што пренесуваат бројни специјализирани портали, во следните месец-два, очекуваме две големи најави за паметни часовници – првиот паметен часовник на Google, наречен Pixel и секако, новиот модел на Apple Watch.

Според гласините, Тим Кук ќе ја претстави четвртата генерација на Apple Watch веќе во септември, а новиот паметен часовник на Apple ќе има за 15-тина проценти поголем екран од претходникот, а освен поголемиот екран, се споменува и поголем капацитет на батеријата, односно подолго траење во однос на претходникот.


Секако, сигурно е дека новиот Apple Watch ќе има побрз процесор, па и апликациите на паметниот часовник ќе работат побрзо. Ќе биде достапен и модел со LTE поддршка, па ќе може да се комуницира преку часовникот без корисникот да носи паметен телефон.

Тоа што најверојатно нема да се менува ќе биде цената – 330, односно 359 долари за основниот модел.

Од останатите гласини, се споменуваат и нови опции за следење на здравјето на корисникот. Apple веќе развива ЕКГ сензор и опција за следење на нивото на шеќер во крвта, а новата генерација нема да ги има класичните типки, туку внатрешен мотор кој ќе симулира кликање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг