Расчистени дилемите околу враќањето на Брајант на кошаркарските терени

Дерби

23/08/2018

09:56

1.196

Големина на фонт

а а а

Пред неколку недели, легендарниот Шекил О’Нил намерно или ненамерно ги шокираше кошаркарските фанови со информацијата дека Коби Брајант се подготвува за кам-бек на терените, односно враќање во Лос Анџелес Лејкерс каде би заиграл заедно со Леброн Џејмс.

Оваа информација ги стави во дилема дел од навивачите за тоа дали е вистина или не, поточно дали навистина е возможно „црната мамба“ да се врати од пензија и да се обиде да им помогне на „езерџиите“ да се вратат на победнички патеки.

Но, изминативе денови стигна понуда до Брајант, ама да заигра во кошаркарската „BIG3“ лига, во која се натпреваруваат пензионирани кошаркари. Задолжениот за односи со јавноста на ,,Мамбата” Моли Картер веднаш се јави со кратко, прецизна информација во врска со враќањето на Брајант на терените.

– Брајант стави крај на својата кариера и не планира да игра идната сезона, – изјави Картер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг