Грчкиот дневник „Катимерини“ објави најнова снимка на која што може да се види каде точно избил катастрофалниот пожар на 23-ти јули на подрачјето на источна Атика во кој што загинаа 96 лица.
Оваа видео снимка е направена од безбедносната камера на една од куќите во населбата Нео Пентелис и на видеото може да се види каде точно изби пожарот кој за рекордно време се прожири наоколу и предизвика вистинска катастрофа.
Се верува дека локален жител палел гранки и сува трева во својот двор, но силниот ветар веднаш го распламнил огнот кој се проширил кон Мати и опустошил се пред себе.
Првиот пламен се појавил околу 16:41 часот по локално време, а после само пет минути речиси целата околина е во пламен. Огнот неконтролирано продолжил да се шири, а поради силните ветрови се проширил кон исток каде што усмрти 96 лица.