Apple наскоро во продажба го пушта новиот MacBook Air?

Точка

22/08/2018

16:39

1.473

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува „Блумберг“, Apple работи на неколку нови MacBook лаптопи, па наскоро би можел во продажба да биде пуштен новиот лаптоп кој ќе го замени застарениот MacBook Air.

Ова не е прва шпекулација за новата генерација на MacBook Air која што веќе долго време се очекува од Apple. Иако Apple го претстави новиот MacBook од 12 инчи, тој не е ниту приближно евтин како Air моделот. Исто така, не е прилагодлив затоа што има само еден USB влез.

Од друга страна, MacBook Air е дефинитивно најпопуларниот лаптоп на Apple во последните неколку години. Сепак, иако го користат голем број на корисници кои што се во исчекување на новата верзија, се уште не е јасно кога ќе биде претставена новата верзија.


Како што пренесува „Блумберг“, новиот MacBook Air е речиси сигурно дека ќе пристигне со Retina дисплеј, но останатите детали се уште не се познати.

После надградбата на MacBook Air во 2015-та година, Apple одредено време како да го занемари овој лаптоп. Направена беше толку минорна надградба во јуни минатата година, што корисниците велеа дека станува збор за MacBook Air „на апарати“.


Според аналитичарите, ниту MacBook Pro од 13 инчи или MacBook од 12 инчи немаат предизвикано толку голем интерес на клиентите како MacBook Air.

„Блумберг пренесува дека нова верзија ќе добие и Mac Mini, затоа што се уште се продава тој од пред четири години, нешто што на Techchurch сметаат дека е срамно кога станува збор за еден технолошки гигант каков што е Apple.



Спонзорирани линкови

Маркетинг