Смртта на Арета Френклин ја искористи за самопромоција, зошто светот е бесен на кралицата на поп музиката?

Точка

21/08/2018

16:27

9.547

Големина на фонт

а а а

На синоќешните музички награди, организаторите одлучија да ѝ оддадат чест на неодамна починaтата Арета Френклин, кралицата на соул музиката. Иако луѓето сметаа дека Мадона е вистинската личност која треба да одржи говор во нејзина чест, всушност Мадона успеа да ја налути публиката и фановите на Арета.

Поточно она што ги налути сите беше нејзиниот "аутфит" како и неславниот говор. 

Имено, на бината се појави во една чудна комбинација, на која сме прилагодени да ја гледаме кралицата на поп музиката, но моментот за тоа беше сосема погрешен.


Покрај тоа што цело време позирала насмеана, работата да биде уште полоша е говорот кој траел 10 минути, а Мадона зборувала за нејзините почетоци, додека за покојната Арета Френклин се присети на моментот кога била на една аудиција на која ја пеела нејзината песна.


"Ништо од ова не би се случило да не беше кралицата на соул музиката", призна Мадона, укажувајќи на својата кариера во преден план и истакнувајќи дека станала најпопуларната поп пејачка на светот.


"Таа ме доведе тука каде што сум сега и знам дека влијаеше на многу присутни вечерва. Ѝ благодарам на Арета што на сите ни даде сила", рекла поп пејачката.

Веднаш после нејзиниот говор, Твитер се "запали" со коментари дека Мадона треба да се засрами од овој говор, бидејќи бил самопромоција и не се фокусирала доволно на Френклин.


Многумина се запрашале зошто баш Мадона беше одбрана, а за тоа се согласија дури и влијателни луѓе од светот на културата.

"Вакво непочитување една икона како што е Арета Френклин не заслужува. На легендите им оддаваш чест така што зборуваш за нивната приказна, а не за својата", беше коментарот на Нина Паркер, позната американска костимографка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг