Продолжува „војната“ на релација Интер - Реал Мадрид: „Кралевите“ немаат основа за пријава затоа што..

Дерби

19/08/2018

15:36

2.224

Големина на фонт

а а а

Продолжува „војната“ помеѓу Интер и Реал Мадирд која настана по обидите на италијанскиот тим во своите редови да го донесе Лука Модриќ.

Од „Кралскиот клуб“ го пријавија Интер на надлежните тела на ФИФА затоа што од клубот преговарале со играчот без дозвола од Реал Мадрид.

Сепак, според најновите најави, Реал Мадрид не може да покрене никаква постапка за „Нероаѕурите“ затоа што самиот Лука Модриќ ги убедил челните лица на Интер да тргнат по неговиот потпис.

Според медиумите во Шпанија, самиот Модриќ сведочел пред луѓето во ФИФА дека тој бил тој кој го контактирал Интер преку неговиот агент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг