Мбапе е скромен: Нејмар е поголема ѕвезда од мене

Дерби

19/08/2018

15:32

2.283

Големина на фонт

а а а

Младиот француски фудбалер, Килијан Мбапе беше клучот на ПСЖ во вчерашниот пресврт против тимот на Генгамп.

Најталентираниот светски фудбалер го игра влезе во второто полувреме кога ПСЖ губеше со 1:0, па со неговите два погодоци беше најзаслужен што парижаните победнички ја отворија сезоната.

Најпрво Нејмар го изедначи резултатот на 1:1, а потоа на сцена стапи Мбапе кој со два гола донесе целосен пресврт и голема победа за шампионот на Франција.

Зборувајќи по натпреварот, Мбапе истакна дека се уште не може да се споредува со Нејмар затоа што тој е супер ѕвезда.

-Нејмар е супер ѕвезда. Тој е многу поголема ѕвезда од мене. Работеше многу напорно во Барселона за да го достигне тоа. Со гол и асистенција беше клучот за победата. Мое е да се обидам да придонесам што е можно повеќе за тимот да победи- коментираше Мбапе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг