Група земјоделци поради откупот на сливи го блокира патот Радовиш-Струмица

Макфакс

18/08/2018

12:12

1.182

Големина на фонт

а а а

Околу 20 земјоделци, незадоволни од откупот на сливи денеска околу 11 часот го блокирале патниот правец Радовиш-Струмица. Тие поставиле земјодески машини кај кучката село Воиславци, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Забележана е зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг