ОЈО обезбедува докази и траги по смртта на параглајдеристите

Макфакс

18/08/2018

12:04

1.193

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство – Прилеп ја истражува несреќата на параглајдеристите кои загинаа вчера на на „Мечкин Камен“.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител во соработка со екипата на крим-техника од Министерството за внатрешни работи извршиле увид на местото каде двајцата параглајдеристи ги загубија животите.

„Во насока на расветлување на настанот издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите“, соопшти ОЈО.

Несреќата се случи околу 12,30 часот во близина на Крушево, кај „Мечкин Камен“ во момент на одржување на турнир за параглајдери British Open Championship 2018. Во несреќата животот го загубија едно лице од Украина и едно лице од Велика Британија. Државјанинот на Украина (56) кој леташе како турист при пад на параглајдерот почина на самото место, додека параглајдеристот од Велика Британија (54) – учесник на турнирот при падот со параглајдерот се здоби со тешки телесни повреди, но почина при обидот за реанимација.

Заради утврдување на причините за смртта, надлежниот јавен обвинител издаде и наредба за обдукција врз телата на починатите.​



Спонзорирани линкови

Маркетинг