Фрлен молотов коктел кон куќа во Скопје, се запалил комарникот

Макфакс

18/08/2018

11:38

1.289

Големина на фонт

а а а

Непознато лице фрлило молотов коктел кон куќата во сопственост на 29 годишно лице од Скопје, на улицата „Зендел Џемаил“.

Од МВР велат дека како последица од молотовиот коктел, опожарен бил само комарникот од влезната врата, а пожарот бил изгаснат од страна на екипа од противпожарната бригада.

Нема повредени лица во инцидентот. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг