Осум популарни филмови кои биле забранувани ширум светот

Точка

17/08/2018

21:18

4.106

Големина на фонт

а а а

Штом некој филм ќе биде забранет, тој автоматски добива значење и поголемо внимание од страна на публиката.

Во продолжение, погледнете листа од 8 такви филмови кои биле забранувани од различни причини. 

1. "Cannibal Holocaust"

"Cannibal Holocaust" е италијански филм од 1980 година, во кој еден професор и неговиот тим се губат во амазонска шума. Филмот е тежок за гледање и не е чудно што бил тргнат од програмата.

2. "A Clockwork Orange"

Неговата тема довела до забрана на овој тежок филм од 1971 година.

3. "Battle Royale"

Овој јапонски филм бил забранет во 2009 година, секако, поради непријатните сцени.

4. "The Last House On The Left"

"The Last House On The Left" е филм за две тинејџерки кои се киднапирани под чудни околности. Тие што го гледале велат не е пријатен за гледање.


5. "Hostel"

Насловот го објаснува филмот, а станува збор за трилогија. Првиот дел е снимен во 2005 година, а станува збор за двајца ученици кои отседнуваат во хостели на нивното патување низ Европа. "Hostel" е исполнет со мистерија и хорор.

6. "Scarface"

"Scarface" е снимен во 1983 година, како римејк на истоимениот филм од 1932 година. Станува збор за историски филм кој зборува за злосторства, но содржи и неколку непријатни сцени поради кои и бил забранет.

7. "The Texas Chainsaw Massacre"

Филмот ја прикажува приказната за група пријатели кои на своето патување наидуваат на канибали. "The Texas Chainsaw Massacre" бил забранет во многу земји вклучувајќи го Бразил, Чиле, Финска, Франција, Исланд, Норвешка, Сингапур, Шведска и западна Германија.

8. "Brokeback Mountain"

"Brokeback Mountain" говори за истородна романса која луѓето во некои делови од светот се уште не се спремни да ја поддржат, што довело до негова забрана. Без оглед на тоа, филмот добил голем број заслужени признанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг